Авионска карта во еден правец, уметничкиот крик на младата Исабела Спасевска за трагедијата и иднината на Македонија

Младата уметница Исабела Спасевска во емотивен Фејсбук статус го сподели своето ново уметничко дело, инспирирано од трагедијата во Кочани, која се случи на 16 март 2025 година и која, како што вели, засекогаш ќе ѝ ја обележи младоста.

„Засекогаш тажниот ден кој ми ја обележа младоста го преточувам во едно уметничко дело кое вечно ќе ме потсетува на трагедијата која што не снајде,“ напиша Спасевска.

Во центарот на делото стои авионска карта – неповратна, симболично наменета за одливот на младиот македонски човек, кој заминува од државата – држава во која, според неа, „владеат корупција и безнадежност“.

  • Датумот на полетување: 8 септември, Денот на независноста
  • Време на поаѓање: ШТО Е МОЖНО ПОБРЗО (ASAP)
  • Порта: L30Y – референца на последните 30 години независност
  • Седиште: 16М – денот на трагедијата во Кочани

„Иако фигуративно ни се закопа иднината, јас буквално си закопав свои блиски,“ напиша Спасевска, посочувајќи дека ова не е само лична болка, туку општествена порака и крик за промена.

Според неа, делото не служи само како спомен на една страшна приказна, туку и како поттик за младите да преземат неопходни чекори, за подобрување на својата иднина – овде, во Македонија.

„Целта не е само да раскажам сторија, туку да се запрашаме – што е она што мора драстично да го смениме во себе и во системот во кој живееме,“ вели Исабела, чиј плакат станува визуелен манифест на генерациска болка, гнев и надеж за промена.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното