Авионска дезинсекција во четврток во Скопје против ларви од комарци

Од Град Скопје утрово информираа дека на 7 мај, четврток, во раните утрински часови, ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот, насочена против ларви од комарци.

Од надлежните служби посочуваат дека доколку временските услови не дозволат изведување на активностите, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот термин.

Се вчитува...

Воедно, апелираат до пчеларите навремено да ги преземат сите потребни мерки за заштита на пчелите во периодот на спроведување на прскањето.