Свет

Автобус се преврте во Авганистан, 25 лица загинаа

Автобус се преврте во Авганистан, 25 лица загинаа

Дваесет и пет лица загинаа, а 27 се повредени кога патнички автобус се преврте во Кабул, објавија авганистанските талибанци.

Несреќата се случила во округот Арганд, а автобусот превезувал патници од југот на земјата.

Причината за несреќата е, по секоја веројатност, „насилно“ возење, објави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, пренесува Нова.

Уште една голема сообраќајна несреќа се случи во Авганистан минатата недела, 80 лица загинаа во судир во покраината Херат на западот од земјата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни