Свет

Автобуска несреќа во Мексико – најмалку 10 мртви и 32 повредени

Автобуска несреќа во Мексико – најмалку 10 мртви и 32 повредени

Најмалку десет лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа во источната мексиканска сојузна држава Веракруз, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила во средата во градот Зонтекомтлан, додека автобусот патувал од Мексико Сити кон селото Чиконтепек.

„Во моментов потврдивме дека починале девет возрасни лица и едно дете“, соопшти кабинетот на градоначалникот на Зонтекомтлан.

Чести сообраќајни несреќи во Мексико

Сообраќајните несреќи, во кои редовно учествуваат автобуси или товарни камиони, се честа појава во Мексико. Тие најчесто се предизвикани од пребрзо возење или механички дефекти.

Кон крајот на ноември, десет лица загинаа, а 20 беа повредени во слична несреќа во државата Мичоакан, на западот на земјата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни