Автомобил удри студентка за време на блокада во Белград

Возач на автомобил, со белградски регистерски таблички, денес удрил во студентка која стоела на тротоар на протест на раскрсницата на улиците Рузвелт и Краљица Марија во Белград, по што избегал од местото на настанот, објави РТС.

Возачот со автомобилот се залетал кон тротоарот и удрил во студентката која се нашла на покривот на автомобилот поради силината на ударот. Возачот продолжил да вози со девојката на покривот, која потоа се лизнала и паднала на коловозот.

Екипата за брза помош бргу пристигнала на местото на настанот.

Граѓани и студенти на Електротехничкиот, Правниот, Архитектонскиот, Машинскиот, Градежниот и на Технолошко-металуршкиот факултет денеска 15 минути ја блокираа раскрсницата на улиците Рузвелт и Краљица Марија за да им оддадат почит на жртвите од падот на настрешницата кај Железничката станица во Нови Сад.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното