Во време кога фармацијата нуди брзи решенија за секој здравствен проблем, сè повеќе луѓе се враќаат кон проверените рецепти од нашите баби – особено кога станува збор за сува кашлица. Оваа напорна и иритирачка состојба, која често се влошува ноќе, се третирала со природни состојки што се наоѓаат во секој дом.
Еден од најпознатите „бабини лекови“ е млеко со мед и куркума. Топлото млеко ја смирува надразнетата слузница, додека медот делува како природен антисептик и ја ублажува кашлицата. Додавањето половина лажичка куркума, позната по своето антиинфламаторно дејство, го прави напитокот уште поефикасен.
Друга често користена комбинација е чај од мајчина душица со лимон и мед. Мајчината душица има природно антисептичко дејство, а лимонот и медот дополнително го ублажуваат надразнувањето и го зајакнуваат имунитетот.
Рецепт од баба: сируп од црна ротквица
Овој лек се подготвува со сечење на ротквицата одозгора, се издлабува срцевината и внатре се става една до две лажици мед. Се остава преку ноќ, а следниот ден се пие сокот што се создава – по една лажица неколку пати дневно. Овој природен сируп е богат со ензими и има силно антисептичко дејство.
Инхалации со камилица и нане
Пареата од билки помага да се навлажнат дишните патишта и да се намали иритацијата. Доволно е неколку лажици сушена камилица да се стават во врела вода, да се покриете со крпа и да се вдишува пареата 5-10 минути.
Иако овие бабини рецепти се докажани низ генерации, лекарите советуваат претпазливост – особено кај деца и лица со хронични заболувања. Ако кашлицата трае подолго од 7-10 дена, се влошува или е придружена со температура и болки, потребна е лекарска консултација.