Бачев и Петровски до Орбан и Ердоган: Помогнете да спречиме марионетската власт да избрише се што е македонско

„Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев и кандидатот за претседател од „Македонија-Блокира„ на претстојните избори Филип Петровски денеска преку амбасадорите на Турција и Унгарија во Скопје доставија писмо до премиерот на Унгарија Виктор Орбан и претседателот на Турција Раџеп Таип Ердоган.“, информираа од „Единствена Македонија“.

„Со писмото Бачев и Петровски бараат од Ердоган и Орбан, постојанитет претставници на Турција и Унгарија во НАТО да не го потпишат Пристапниот Протокол со Скопје на 6 февруари во Брисел или пак да употребуваат фуснота дека Турција и Унгарија ја признаваат Република Македонија под нејзиното уставно име и на крај Протоколот да не биде ратификуван во националните парламенти на Унгарија и Турција.

Истовремено Бачев и Петровски изразуваат увереност дека целиот унгарски и турски народ и сите политички сили го подржуваат неотуѓивото и со ништо неограничено меѓународно правно-признато право Македонија да го носи името – Република Македонија, дотолку повеќе, Република Македонија со Унгарија и Турција ги врзува посебно пријателство.

Бачев и Петровски во писмото изразуваат надеж за континуиран развој на срдечни и продуктивни односи меѓу народот на Унгарија и Турција и новата легална власт која доаѓа во Република Македонија“, се вели во соопштението на „Единствена Македонија“.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното