Нема ништо послатко од тоа кога после добар и вкусен ручек ќе се засладите со докажано слатко.
Состојки:
250 ml вода
600 гр шеќер
200 гр путер
200 гр мелени ореви
250 гр мелени бисквити
100 гр млечна чоколада
за облекување:
1 лажица путер
100 гр млечна чоколада
3 лажици млеко
3 лажици масло
Подготовка:
Во тавче истурете вода и шеќер и оставете да зоврие. Откако ќе зоврие, тргнете ја тавата од оган и додајте ги оревите, бисквитите и путерот, па убаво измешајте додека се убаво да се соедини и додека не стане хомогена смеса.
Откако убаво ќе се измеша, добиената смеса поделете ја на два дела, односно префрлете ја во два сада. Во едниот сад истурете ја растопената млечна чоколада, а другата оставете ја како што е.
Изберете го плехот на кој ќе има бајадера, па прво одвојте го потемниот дел, односно оној во кој сте го ставиле чоколадото, а одозгора посветлиот дел. Оставете го во фрижидер целата торта убаво да се стегне, а во меѓувреме подгответе ја глазурата.
Чоколадото со путерот, млекото и маслото растопете го на пареа, па мешајте додека се се стопи и соедини.
Со глазурата прелијте ја добро изладената торта и повторно ставете ја во фрижидер да се стегне. По неколку часа, а можете да го чувате преку ноќ, извадете го и исечете го на саканите парчиња. Послужете со кафе или чај.