Бајден 248 – Трамп 214 електроски гласови

По освојувањето на американската сојузна држава Висконсин, кандидатот за претседател на Демократската партија Џо Бајден има 248 гласачи, додека републиканскиот кандидат Доналд Трамп има 214 гласа.

За победа на изборите потребни се 270 изборни гласови.

Според денешните проекции на Си-Ен-Ен, Бајден победи во сојузната држава Висконсин, која носи 10 изборни гласови.

Според Си-Ен-Ен, Бајден освоил 49,4 проценти од гласовите, а Трамп 48,8 проценти од гласовите.

Изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп веднаш објави дека ќе побараат пребројување на гласовите во Висконсин, иако резултатите од претседателските избори во таа земја сè уште не се официјално објавени.

НА ИСТА ТЕМА:

.

Извор: ТВ21