Свет

Бајден и Трудо: Русија е целосно одговорна за војната

Бајден и Трудо: Русија е целосно одговорна за војната

Американскиот претседател Џозеф Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо се согласија дека Русија е целосно одговорна за нејзината инвазија врз Украина и за натамошните напори за обезбедување безбедносна помош за Киев, соопшти Белата куќа.

Двајцата лидери во вчерашниот телефонски разговор се осврнале и на претстојното учество на Самитот на Америка, што е планирано за јуни во Лос Анџелес, се наведува во соопштението.

Бајден вчера разговараше и со германскиот канцелар Олаф Шолц, изразувајќи согласност дека нема да признаат никакви руски „територијални придобивки” во Украина, изјави портпарол на германската Влада.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни