Бајден ќе биде домаќин на кралот на Јордан во Белата куќа на 13 мај

Американскиот претседател Џо Бајден ќе биде домаќин на јорданскиот крал Абдула Втори и принцот престолонаследник Хусеин бин Абдула од Јордан во Белата куќа на 13 мај.

Во писмената изјава од Белата куќа се вели: „Американскиот претседател Џо Бајден е исклучително задоволен што ќе ги угости кралот на Јордан Абдула Втори и престолонаследникот Хусеин во Белата куќа на 13 мај 2022 година“.

Се вчитува...

Потсетувајќи дека кралот Абдула Втори за време на мандатот на Бајден ќе го посети Вашингтон по втор пат, во соопштението се нагласува дека оваа посета уште еднаш ќе го покаже пријателството и партнерството меѓу двете земји.

„Јордан е критична сила на Блискиот Исток, стратешки партнер и сојузник на САД“, се вели во соопштението.