Бајден: Нема да и дадеме борбени авиони Ф-16 на Украина

Американскиот претседател Џо Бајден изјави вчера дека Соединетите Држави нема да ѝ дадат борбени авиони Ф-16 на Украина, пренесе Франс прес.

„Не“, рече Бајден одговарајќи на новинарско прашање дали Белата куќа размислува да му даде на Киев такви борбени авиони.

Откако САД и Германија објавија дека ќе обезбедат тенкови за Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски се залага за поголема воена помош, вклучително и ракети со долг дострел и борбени авиони.

Берлин веќе категорично ја отфрли оваа идеја, а францускиот претседател Емануел Макрон рече дека „ништо не е исклучено“, но во исто време прецизираше дека Украина се уште не упатила такво барање до него.

Во меѓувреме, украинскиот амбасадор во Германија, Олексеј Макеев, ја истакна важноста на борбените авиони во војната со Русија, јави ДПА.

„Сè уште не сме побарале од Германија борбени авиони, но тие се важни затоа што ни се потребни за да ги собориме руските ракети“, рече Макеев во интервју за телевизијата Дојче веле.

„Русија истрелува голем број проектили врз украинските градови и инфраструктура“ – борбените авиони се дел од напорите на Украина да го заштити својот воздушен простор, посочи амбасадорот.

Германскиот канцелар Олаф Шолц неодамна се изјасни против идејата неговата земја да испрати борбени авиони во Украина, нагласувајќи дека тој и американскиот претседател Џо Бајден ја отфрлиле можноста за создавање зони забранети за летови во Украина од почетокот на војната, потсетува ДПА.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното