Бајден потврди дека планира повторно да се кандидира

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека има намера да се кандидира за втор претседателски мандат во 2024 година, јави NBC.

Според извештаите на медиумите, за време на приватен разговор со проповедникот Ал Шарптон во септември, Бајден му рекол дека „се подготвува повторно да го стори тоа“, мислејќи на продолжување на неговата кандидатура за претседател.

Додека сојузниците на Бајден рекоа дека тој ќе се кандидира за реизбор, тој допрва треба јавно да ја соопшти таа намера, забележа NBC.

Неговите зборови до Шарптон дојдоа на крајот од состанокот во Белата куќа со лидерите на некои од највлијателните организации за човекови права.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното