Партијата на Слави Трифонов „Има таков народ” ќе се појави самостојно на претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија, најави пратеникот од таа партија Станислав Балабанов.
Балабанов повика да запрат шпекулациите дека „Има таков народ” ќе учествува во коалиција со патриотските партии во Бугарија, како што претходно денеска ВМРО-БНД и предложи на партијата на Трифонов и поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев, кој ја создаде национал-конзервативната партија „Бугарски подем”, откако Кирил Петков го смени од функцијата министер за одбрана затоа што не прифати дека Русија извршила воена агресија во Украина по 24 февруари.
„Има таков народ”, според Балабанов ќе биде тоа што е – сама против сите и ќе ја каже вистината.