Со свеќи демонстрантите го напишаа бројот 57 и фразата „бесмртни“
Дел од демонстрантите во Грција до доцна вчера останаа на плоштадот Синтагма во Атина за да им оддадат почит на жртвите од катастрофата во Темпи.
Свеќи кои го формираа бројот 57 и фразата „бесмртни“ беше еден од највозбудливите моменти, а кога часовникот покажуваше 23:18 часот (часот на судирот на возот во Темпи, кобната вечер на 28 февруари 2023 година), балони со имињата на жртвите полетаа кон небото пред парламентот. Граѓаните и некои роднини на жртвите одржаа седечки протест пред Споменикот на непознатиот војник, неколку часа по најголемиот митинг на плоштадот Синтагма во Атина.