Принцезата Беатрис, внука на покојната британска кралица Елизабета Втора, пред една недела ја роди својата втора ќерка Атина, соопшти денеска Бакингемската палата.
Беатрис (36) и нејзиниот сопруг Едоардо Мапели Моци (Мапели Моци) (41) „со задоволство ја објавуваат веста дека ја дочекаа ќерката Атина Елизабет Роуз Мапели Моци, родена во среда, 22 јануари во 12:57 часот во болница во Лондон“, се наведува во соопштението.
Прерано роденото девојче, тешко нешто помалку од 2,2 килограми, е 11-то во редот за британскиот трон, веднаш по нејзината постара сестра Сиена, која се роди во септември 2021 година.
Беатрис и Атина се пуштени од болница и се во добра здравствена состојба, соопшти палатата.
Беатрис е ќерка на принцот Ендру, помладиот брат на британскиот крал Чарлс Трети.
Принцезата Беатрис се омажи за Едоардо Мапели Мочи во јули 2020 година, а тој веќе го има синот Кристофер Вулф, роден од врската со американската архитектка Дара Хуанг.