Млад човек од Киев останал заглавен на вратата од тролејбусот кога им побегнал на контролорите кои сакале да му напишат казна бидејќи немал билет.
Според киевскиот оперативен канал Телеграм, инцидентот се случил во тролејбусот на релација 42, кој оди од улицата Пивничка до авенијата Слобода.
Типот сакал да скокне од возилото во последен момент, но вратата се затворила секунда порано, па раката му останала заглавена.
- Младиот човек толку брзал за да побегне од контролорот бидејќи бил без маска и не платил билет што не забележал дека му е заглавена раката. Па сега нема да бега – се наведува во соопштението.