Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити за функцијата прв вицепремиер – за министер се уште не се знае!

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер, потврди денеска портпаролот на ВРЕДИ, Дритон Сулејмани.

Тој најави дека за нов министер за животна средина сè уште не е одлучено, но името ќе биде познато наскоро.

Сулејмани истакна дека коалицијата ВРЕДИ ќе продолжи да функционира обединето, како што било и досега, без поделби по партиски линии.

Осврнувајќи се на изборните резултати, тој рече дека ВРЕДИ излегува како втора политичка сила на државно ниво и апсолутен победник во албанскиот блок со освоени десет општини.

„Ерата на старите политики е завршена – граѓаните гласале за работа, одговорност и резултати“, рече Сулејмани, додавајќи дека по поразот на локалните избори ДУИ се соочува со потреба од сериозни реформи, но оти не очекува тие брзо да се случат.