Македонија

Бектеши: Граѓаните ќе можат да продаваат струја произведена од фотоволтаични панели

„Граѓаните од први јули ќе можат да ја произведуваат и истовремено да ја продаваат електричната енергија произведена од фотоволтаични панели“, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на ТВ21.

Бектеши вели дека универзалниот снабдувач ќе има обврска да ја купи струјата за одредена цена.

„Од 1 јули секое домаќинство ќе има можност да постави фотоволтаични панели, искористувајќи го моментот што дополнителното производство на електрична енергија да го стават во мрежата и да биде задолжително за универзалниот снабдувач, за да ја купи по цена што ја нуди, за сите домаќинства“, рече Бектеши.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни