Бектеши и Трајковски на распит во Кочани за пожарот во дискотеката „Пулс“

Во кочанскиот суд и кочанското Обвинителство во тек се вршат распити на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши и поранешниот директор на ДПИ, Горан Трајковски во врска со трагедијата во дискотека во Кочани во која во пожар животот го загубија 59 лица, а над 150 се повредени.

Инаку, сите 14 обвинети се спроведени во обвинителството во Кочани.

За Бектеши како и за други лица, според информации од обвинителот Љупчо Коцевски ќе се бара краткотраен притвор.

Од ОЈО Кочани откако беше сослушан претходно попладнево заминал кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов, кој ги избегнал медиумите. За него се уште не се знае дали е меѓу осомничените за трагедијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното