Американските царини за Канада, Мексико и Кина ќе стапат на сила во сабота, изјави во петокот портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
Ројтерс претходно објави дека тарифите ќе бидат одложени до 1 март.
Набргу по преземањето на функцијата, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека на 1 февруари има намера да воведе царини од 25 отсто за Канада и Мексико доколку не сакаат да ја потиснат илегалната миграција и шверцот на фентанил. Тој додаде дека планот вклучува и тарифи од 10 проценти за кинески стоки, исто така поради фентанил.
Канада ќе одговори веднаш и силно доколку Соединетите Држави ја следат заканата од царини, рече премиерот Џастин Трудо во петокот, предупредувајќи ги Канаѓаните дека може да се соочат со тешки времиња. „Подготвени сме кога ќе има одговор – целен, силен, но истовремено и разумен и непосреден одговор. Ова не е она што го сакаме, но ако тој почне да глуми и ние“, изјави Трудо.
Пекинг вети дека ќе ги заштити своите „национални интереси“, а портпаролката на Министерството за надворешни работи предупреди дека „нема победници во трговската војна“, додека мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум изрази уверување дека Мексико ќе избегне царини.
Американскиот претседател се уште не одлучил кога САД ќе воведат царини за Европската унија, изјави во петокот Ливит.
Левит одби да одговори дали ќе има единствена тарифа за секого или дали тарифите ќе се разликуваат меѓу членките на ЕУ.