Белград на нозе, доаѓа Путин: Ќе слета во придружба на два воени авиони, ќе го обезбедуваат 7.000 лица

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе биде гостин во Белград, поради што во главниот град се очекува „опсада“. Доаѓањето на претседателот се очекува околу пладне, и после тоа е планирана средба со српските челници, свечен прием, и на крајот обраќање пред граѓаните од храмот Св. Сава заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Жителите на Белград денеска ќе бидат под „посебен режим“ поради доаѓањето на претседателот. Најавени се огромни гужви, а токму поради тоа дел од граѓаните го користат јавниот превоз, или одат до своите работни места пеш.

Рускиот претседател во Белград ќе дојде нешто после пладне, а од Москва до Србија ќе го следат два борбени авиони, а во српскиот воздушен простор ќе го превземат авиони МИГ кои ќе го следат до белградскиот аеродром.

Таму ќе го сочека неговиот автомобил „аурис сенат“ кој го нарекуваа „ѕвер“ и во кој ќе се вози во текот на посетата. Станува збор за еден од најбезбедните автомобили во Светот.

Во неговата непосредна близина нон-стоп ќе бидат 50 припадници на руската Федерална служба, како и дополнителни 200 лица кои ќе бидат ангажирани за неговата безбедност. За неговата безбедност ќе се грижат и српската војска и полиција. Неофицијално околу 7.000 лица ќе се грижат за безбедноста на рускиот претседател. Низ целата рута каде што ќе се движи ќе биде обезбедувана од снајперисти.

Српските власти веќе наредија на улиците каде што ќе се движи Путин, станарите да ги затворат ролетните и да не излегуваат на терасите.

Путин последен пат во Србија беше во 2014 година.

Извор: ТВ21