Берберите во Англија стануваат терапевти

Берберите во градот Свиндон, во округот Вилтшир во југозападна Англија, ќе бидат обучени како да разговараат со своите клиенти за менталното здравје на мажите, јавува Би-Би-Си.

Советот на општина Свиндон ги покани сите бербери и машки фризери да се пријават на курсот и да се приклучат на иницијативата насочена кон подобрување на менталното здравје на мажите.

Учесниците на курсот ќе научат како да разговараат со клиентите за менталното здравје и каде можат да добијат стручна помош и поддршка.

„Препознавме дека берберите и нивните клиенти развиваат единствена врска на меѓусебна доверба“, рече експертот за јавно здравје Лидија Џордан, додавајќи дека иницијативата има за цел да ги трансформира берберниците и фризерските салони за мажи во „безбедни простори и охрабрувачки средини“.

„Тоа ќе им помогне да се чувствуваат удобно“

„Додека ја средуваат косата, иницијативата ќе им помогне на мажите, младите и момчињата да се чувствуваат удобно и способни да се отворат и да зборуваат за емоционалната благосостојба“, тврди Џордан.

Дени Хегарти, сопственик на берберницата „Супрем Бербери“, веќе се пријавил себеси и тројца колеги на курсот и смета дека иницијативата е одлична работа.

„Дури и сега, мажите понекогаш отворено зборуваат за својот живот, домот или семејството додека ја средуваат косата. Сакам да дојдат кај нас со целосна самодоверба, без разлика дали се работи за нова фризура или за емоциите што ги мачат“, рече Хегарти.

Џордан тврди дека курсот нема да биде тежок или заморен, туку ќе обучи бербери и фризери како да зборуваат за менталното здравје, кои зборови да ги користат и како и каде да ги упатуваат клиентите доколку им е потребна стручна поддршка. „Целта е да се отстрани стигмата околу менталното здравје на мажите и младите мажи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното