Македонија

БЕСА избра раководство и побара избори: Оваа влада нема кредибилитет!

БЕСА избра раководство и побара избори: Оваа влада нема кредибилитет!

Централното раководство на Движењето БЕСА го одржа првиот состанок на кој беа избрани партиските органи, почнувајќи од потпретседателите, генералниот секретар и партискиот портпарол.

Централното претседателство со мнозинство гласови за потпретседатели ги избра Фатмир Лимани, Блерим Сејдиу и Беса Кадриу. За генерален секретар е избран и Абдуш Демири, а за портпарол на партијата Фарук Авдиу.

Исто така, на оваа средба беше разговарано и за политичката состојба во државата и какви активности треба да се преземат понатаму.

Движењето БЕСА смета дека предвремените парламентарни избори се вистинската опција бидејќи актуелната власт нема кредибилитет да ја води иднината на државата и дека земјата треба што поскоро да оди на парламентарни избори.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни