Беше морничаво, како да ме гледаше: Момче сними „демонски облак“

Четиринаесетгодишно момче успеа да сними навистина необичен момент. Во облаците се појави необично лице налик на демон, а од нив излегува и виножито.

Имено, средношколецот Џарвис Смолмен од Хоуптаун, град во јужна Австралија, сними необично лице во облаците, но и виножито што излегува од нив.

– Снимено е пред зајдисонце кога се враќав од училиште. Беше морничава сцена, како да ме гледаше и да сака секој момент да ме нападне, рече младиот средношколец кој ја сподели фотографијата на социјалните мрежи.

Пареидолија или гледање лица и предмети на необични места

Веројатно многупати сте погледнале во облаците и нивната форма во тој момент ви изгледала како предмет, животно или лице од човек. Ова има име и се нарекува пареидолија. Досега малкумина го слушнале терминот, но повеќето луѓе веќе го виделе со свои очи и точно знаат за што зборуваме.