Беше секс симбол во 60-тите, а потоа исчезна од јавниот живот – некогашната убавица е целосно непрепознатлива!

Ракел Велч се здоби со светска слава во 60 -тите години на минатиот век, и оттогаш сите ја опишуваат неа – секс-симбол. Денес, 81-годишната актерка беше снимена од папараците во Беверли Хилс, облечена во бела маичка, црни панталони и сандали на платформа, додека на главата носеше сламена шапка.

И додека на повеќето фотографии имаше заштитна маска за лице, поради што папараците на почетокот не ја препознаа, штом ја симна, се појавија препознатливи црти на лицето.

Иако порано жареше и палеше во Холивуд, годините го земаа својот данок, а нејзиниот последен јавен настап беше во 2019 година, кога даде интервју за британската Сандеј Пост. Во тоа интервју, таа откри дека по децении слава, сега навистина ужива во животот далеку од очите на љубопитната јавност. Но, таа не крие дека и е мило кога ќе ја препознаат.

„Поубаво е отколку да не те препознаат. Во текот на целата моја кариера, бев „забележувама“, исто како и сите други актери и актерки, така што сум благодарна што јавноста се уште ја интересира каде сум и што правам “, призна таа.

Оваа добитничка на Златен глобус, која има снимено бројни филмови, е позната и по своите јавни романси, како и по четири пропаднати бракови, поради што често ги полни насловите во весниците. Таа беше во брак со Џејмс Вестли Велч, продуцентот Патрик Кертисон, нејзин сопруг беше и режисерот Андре Вејнфилд, но и актерот Ричи Палмер.

Родена во Чикаго како Џо Ракел Техада, по разводот со Палмер во 2008 година, уживаше во слободен живот.

„Ги обожавам мажите и обожавам да сум во нивно друштво, но од друга страна сум премногу независна. Сакам да имам врска, но, искрено, тешко е да се најдат интересни луѓе на моја возраст“, рече таа.