Без став за поднесената интерпелација е и членот на Судски совет, м-р Тања Чачарова Илиевска.
Таа во изјава за медиумите истакна дека ја примила интерпелацијата, но треба добро да ја разгледа и анализира.
„Она што ми падна во очи е дека тоа не е интерпелација за членот Тања Чачарова Илиевска на Судскиот совет, не упатува на интерпелација на Судскиот совет. Се зборува за колективна одговорност, јас не еднаш во моите обраќања кажувам дека одговорноста мора да биде индивидуална и покрај тоа што Судскиот совет е колективно тело. Ние сите гласаме за една одлука и во зависност од гласовите се носи одлука со мнозинството на гласови. Токму од тие причини, потребно е да ја изанализирам“, вели Чачарова Илиевска.