Безбеден град официјално стартува од 1 јануари 2026 – Тошковски: Ќе се менуваат пет закони поради него!

До крајот на април измените на законите за безбедност во сообраќајот ќе бидат доставени до Собранието, изјави министерот за внатрешни работи Пенче Тошковски.

Како што вели, имплементацијата на системот „Безбеден град“ официјално треба да стартува од 1 јануари 2026 година.

Министерот Тошковски на дебатата истакна дека со системскиот пристап работната група утврдила дека се потребни промени во пет законски решенија за овој проект квалитетно да профункционира и тоа за Законот за безбедност на патиштата, Законот за прекршоци, Законот за возила, Кривичниот закон и Законот за извршување на санкции. Сите тие, смета тој, се клучни закони кои треба да претрпат измени за да создадеме функционално системско решение.

Проектот „Безбеден град“ веќе се имплементира преку собирање на податоци при регистрација на возила. Од 2026 година, прекршоците ќе се евидентираат автоматски, а граѓаните ќе добиваат известувања.

Системот ќе вклучува паметни камери за контрола на сообраќајот и паркирањето, а казните ќе бидат засилени за повторувачи. Главната цел е подобрување на сообраќајната култура и намалување на несреќите.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното