Безживотното тело најдено на еден километар оддалеченост од местото каде излета возилото на 22-годишниот кумановец
Денеска во просторот паралелно со касарната „Еребина“ во Желино, по течението на реката Вардар е пронајдено безживотно машко тело.
Се сомнева дека станува збор за 22-годишниот кумановец кој со возило излета во реката.
Местото на пронаоѓање е само еден километар од местото каде што се случи несреќата.
На терен се очекува да пристигнат екипи со цел официјална идентификација.
На социјалната мрежа Фејсбук се огласи и градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу.
„Конечно, младиот кумановец е пронајден во реката Вардар. Благодарност до сите спасувачки екипи кои придонесоа во текот на сите овие денови, бизнисмените, хуманите селани, општина Желино, Противпожарната единица Тетово, Центарот за управување со кризи, полицијата, воената специјална единица и сите останати. Длабоко сочувство до семејството!“, напиша Сејдиу.
https://4news.mk/pronajdeno-teloto-na-22-godishnoto-momche-koe-izleta-so-vozilo-vo-vardar/
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни