Свет

Би било наивно да се верува дека војната во Украина ќе заврши оваа година, смета претседателот на Здружението на професионални војници

Би било наивно да се верува дека војната во Украина ќе заврши оваа година, смета претседателот на Здружението на професионални војници
Flag of Russia and Ukraine against the background of the blue sky

Претседателот на Здружението на професионални војници на Германија, полковник Андре Вистнер, рече дека би било наивно да се верува дека војната во Украина ќе заврши оваа година и оцени дека без помошта на САД, Киев ќе ја загубел војната одамна.

Вистнер за „Билд“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин засега нема да отстапи од своите воени цели и ќе продолжи да се обидува да ја дестабилизира Европа. Вистнер смета дека Путин го подготвува руското население за долгорочен системски конфликт со Западот и дека затоа НАТО и Германија мора стратешки да се усогласат за една деценија на закана.

„Мораме да продолжиме да ја поддржуваме Украина и во исто време побрзо да го опремиме самиот Бундесвер. Тоа е единствениот начин да се обезбеди веродостојно одвраќање заедно со НАТО“.

Вистнер истакна дека поради воената помош на Германија за Украина, материјалната оперативна готовност на германската артилерија продолжува да опаѓа, бидејќи залихите на оружје полека се надополнуваат.

Од речиси 300 тенкови Леопард на Бундесверот, само 30 отсто се моментално во функција, рече Вистнер, истакнувајќи дека е потребно стратешко планирање координирано на европско ниво за да се врати воената индустрија во масовно производство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни