Македонија

Бигорски манастир со традиционално одбележување на Илинден

Бигорски манастир со традиционално одбележување  на Илинден

Свештената бигорска обител со  традиционално одбележување по повод втори август, Денот кога се слави споменот на светиот и славен пророк Илија, како и 119- годишнината од херојското Илинденско востание, информираа од манастирот.

– Централното трожествено празнување ќе се одбележи со Света архијерејска Литургија во прекрасниот преродбенски храм на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец во село Лазарополе, која ќе почне во 9 часот. Со Литургијата ќе чиноначалствува нашиот старец и игумен,  неговото преосвештенство епископ Партениј Антаниски, додаваат од Бигорски.

Утре ќе се одржи и Доксологија- молитва за татковината што ја востанови токму владиката Партениј.

– Свечениот чин на Доксологија- молитва за татковината и за покој на паднатите за слобода ќе се одржи во соборниот храм на Свештената Бигорска Обител и започнува во 14 часот. Честит Илинден и од Бога благослов. На многаја лета возљубена наша Татковино, посакаа од Бигорски манастир.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни