Биохемичар и нутриционист откриваат по кој редослед треба да се јаде храната

Францускиот биохемичар Џеси Инчаспе и наградуваниот нутриционист Ловнит Барта го откриваат редоследот на внесување храна за време на оброкот, со чија помош можете да го контролирате нивото на шеќер во крвта, како и желбата за слатки или грицки после оброк.

Правилно комбинирање на храната, што подразбира доволен внес на зеленчук, протеини и здрави масти, понекогаш може да биде доволно стресно само по себе, особено кога ќе се најдете како почетник во светот на урамнотежена исхрана. Меѓутоа, нутриционистите и биохемичарите сега додаваат уште една важна карактеристика – редоследот на внесување храна од чинијата.

Иако бевме убедени дека пред се е важно половина од чинијата да биде зафатена со зеленчук, една четвртина од протеини, а остатокот од јаглехидрати, сега знаеме по кој редослед да ги јадеме.

Експертите од оваа област тврдат дека ако внимаваме на толку важно редоследување на оброците, можеме во голема мера да го намалиме непотребното грицкање после оброците, прекумерните десерти, па дури и да влијаеме на симптомите на полицистични јајници, пишува магазинот Health.

Важен фактор е тврдењето дека редоследот на храната влијае на нивото на шеќер во крвта, односно дека она што го јадете пред нешто друго може значително да го зголеми нивото на шеќер во крвта во споредба со препорачаниот редослед.

Францускиот биохемичар и еден од најчитаните автори на списанието Њујорк Тајмс, Џеси Инчаспе, го наведува следниот план: „Прво зеленчук, потоа протеини и масти, а на крајот јаглехидрати и шеќери“, вели таа.

„Главната причина е што зеленчукот содржи влакна, а кога влакната првпат ќе стигнат до гастроинтестиналниот систем, имаат време да направат нешто неверојатно, нешто како трансформација“, објаснува таа и додава: „Влакната се развиваат на цревниот ѕид формирајќи заштитен слој. Оваа мрежа останува стабилна неколку часа и спречува пребрзо да се апсорбираат шеќерите кои ги внесуваме за време на оброкот“, истакнува биохемичарот.

Тоа го потврди и наградуваната нутриционистка Ловнит Барта која под видеото на својот Инстаграм профил напиша:

„Дали некогаш сте гледале некој како јаде по одреден редослед – прво зеленчук, а потоа преминува на протеинскиот дел пред воопшто да го допре оризот – и сте помислиле дека тоа е некој бизарен ритуал?

Можно е, но исто така е веројатно дека ја мерат потрошувачката на јаглени хидрати, што, според студијата, помага во контрола на шеќерот во крвта и за возврат ви помага да ја одржите тежината. Затоа, хиерархијата според која се консумира храната игра голема улога во одредувањето на нивото на гликоза и инсулин после оброк.

Почнувајќи го оброкот со зеленчук и протеини, а завршувајќи со јаглехидрати, нè прави посити. Тоа е затоа што протеинот го забавува ослободувањето на шеќерот од јаглехидратите во крвотокот, спречувајќи го „високото“ ниво на шеќер, а потоа и падот – и нападите на глад.

Затоа, со менување на пропорциите на храната во чинијата и редоследот по кој јадете, можете да направите голем чекор на патот кон вашето здравје“, објаснила таа.