Синоќа во 00:20 часот 44-годишната Н.Н. пријавила дека претходнот ден околу 15:00 часот додека била заедно со нејзините колеги на прослава во ресторан во Битола каде бил присутен и нејзиниот поранешен сопруг М.Г.
Пред крај на прославата М.Г. физички ја нападнал Н.Н. удирајќи ја со шлаканици, по што пријавителката повикала такси возило и си заминала во нејзиниот дом. После половина час М.Г. заѕвонил на вратата од домот на Н.Н. и откако отворила тој веднаш физички ја нападнал пришто и се нанесени тешки телесни повреди. М.Г. продолжил да и упатува закани по нејзиниот живот, а почнал да ја крши и покуќнината по што од страна на соседите била повикана полиција.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.