Битолското обвинителство поднесе жалба на одлуката на Судот, со која двајца од осумте осомничени во истрагата за злоупотреби со јавни набавки во РЕК „Битола“ добија куќен притвор. Обвинителството бара мерка затворски притвор, наведувајќи ризик од бегство, особено бидејќи еден од осомничените – бизнисменот Борче Марковски, поседува имот во странство.
Меѓу осомничените е и раководител во ПЕ Рудници во РЕК „Битола“. Според обвинението, петмина службени лица и фирмата „Марковски Компани“ се сомничат дека во 2023 година незаконски реализирале јавна набавка за дислокација на погонски станици, при што од РЕК Битола биле исплатени 106 милиони денари без реално извршени работи.
По одлуката на Судот реагираше ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ја „срамна“ и обвинувајќи дека судството штити криминал.
Обвинителството соопшти дека истрагата против осум физички и едно правно лице продолжува, а доказите обезбедени од Финансиската полиција укажуваат на сериозна злоупотреба на службена положба и незаконска корист на сметка на РЕК „Битола“.
Читај и ова:
- 1.Цариниците на Богородица спречија криумчарење 11 златни монети вредни над половина милион денари
- 2.Земјотрес од 7,6 степени ги погоди Филипините: Има жртви, поништено е предупредувањето за цунами
- 3.Андоновски: Бесплатни WI-FI зони за граѓаните во повеќе од 60 општини низ Македонија
- 4.Трагична несреќа во Словенија: Македонец почина по пад од скеле!
- 5.Уапсени шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје