Балкан

Бизарни инциденти во ЗОО во Војводина: Леопард уби женка, а змија мајмун

Бизарни инциденти во ЗОО во Војводина: Леопард уби женка, а змија мајмун

Во ДВА бизарни инциденти, зоолошката градина на Палиќ кај Суботица, на северот на Војводина, остана без две скапоцени животни – персиски леопард и мајмун тамаринд, кои беа убиени од „жителите“ на таа животинска резиденција.

Леопардесата Мицика ја убил нејзиниот мажјак Симба, а мајмунот од питон кој успеал да побегне од терариумот.

„Негувателот и ветеринарот речиси три месеци го следеле однесувањето на овие два леопарда. Тие не покажувале знаци на агресивност, но како што се случува во природата, при парењето мажјакот прво го повредил, а потоа најверојатно воден од инстинкт ја усмртил женката. Сè се случи многу брзо“, изјави за РТВ Соња Мандиќ, директорка на ЗОО во Палиќ.

Во друг инцидент, мрежест питон долг околу еден и пол метар вешто ги совлада бравите, побегна од терариумот и го најде патот до кафезот во кој има тамаринд, вид на мал мајмун, тежок меѓу 350 и 400 грама.

“Многу брзо го ставивме под контрола. Персоналот го фати и го смести во друг терариум. За жал, за мајмунот беше доцна”, рекол директорот.

Така, ЗОО на Палиќ, како што пренесува РТВ, и покрај постојаната грижа за благосостојбата на животните и безбедноста на посетителите, останала без мајмун поради необичните вештини на питонот.

„И наместо да добие младенче, ЗОО изгуби и женски леопард. Нејзиното тело е испратено на обдукција во Ветеринарниот институт во Белград, а Симба е повторно во кафезот на зоолошката градина – сам“, објави РТВ.

Зоолошката градина Палиќ е основана во 1950 година. Има повеќе од 150 животински видови, кои се сместени во педесетина кафези и објекти, додека во Засолништето за животни се сместени над 800 животни.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни