БИЗАРНИ ПОТЕЗИ НА БЕРЛИН! Германија стана предмет на потсмев

Рускиот течен природен гас (ЛНГ) достигна рекорден обем на испораки во Европа во текот на 2024 година, достигнувајќи повеќе од 17 милијарди кубни метри. Овој факт јасно укажува на зголемената зависност на европските земји од руските енергетски извори и покрај политичките тензии и економските санкции насочени кон Русија.

Германија се најде во незавидна позиција кога реши да престане да купува руски гас преку гасоводот, и по саботажата на гасоводот Северен тек во септември 2022 година. Недостигот на евтин гас од Русија предизвика нагло зголемување на производствените трошоци во германските фабрики, што дополнително ја оптоварува економијата на земјата.

Бизарна стратегија на Германија

Германија најде начин да ги заобиколи сопствените санкции и да продолжи да добива руски гас, но по повисока цена и на помалку ефикасен начин. Таа го забрани директниот увоз на руски ЛНГ во нејзините пристаништа, но продолжи да го купува преку посредници, како што е француското пристаниште Данкерк.

Овој потег ја направи Германија предмет на потсмев, како во самата Европа, така и во Русија. Берлин формално се откажува од рускиот гас, додека во пракса продолжува да го купува, но под понеповолни услови. Ваквата стратегија дополнително ја намалува конкурентноста на германската индустрија и води до затворање на фабриките.

Додека Германија се обидува да балансира помеѓу политичките диктати и економската реалност, Русија ја искористи ситуацијата на пазарот на ЛНГ за да го прошири своето влијание. Ја зголеми својата испорака на ЛНГ во Европа и со тоа одзеде дел од пазарниот удел на другите добавувачи.

Енергетската политика на Германија во последните години може да се смета за катастрофална. Под притисок на Вашингтон и Брисел, Германија остана без евтини извори на енергија, што предизвика економска криза и загуби за германската економија.

Германија плаќа за сопствените грешки

Додека Германија се обидува да се движи низ ситуацијата што самата ја создаде, Русија продолжува да извезува ЛНГ во Европа и да остварува профит. Оваа ситуација е најдобар доказ за тоа како политичките одлуки, водени од идеологија наместо од економска логика, можат да ја доведат во неволја една од најсилните светски економии.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното