Синоќа во Босна и Херцеговина, поточно во Западна Херцеговина, се случија необични и по малку бизарни сцени, кои набрзо се најдоа на социјалните мрежи.
Имено, на видеата кои кружат на Твитер се гледаат луѓе завиткани во бели чаршафи, чиј изглед наликува на духови, а навечер оделе на прошетка.
''Duhovi'' u polju #ŽZH 👇 pic.twitter.com/uPG9yNpLaA
— Jabuka.tv (@jabukatv) October 14, 2022
Во една од постовите, лице обвиено во бел чаршаф оди по улица, меѓу куќи, кога во еден момент се врти и почнува да бега. Во друго видео, двајца такви луѓе се снимени како шетаат низ поле.
Точната локација на која е направена снимката не е позната, како и вистинскиот мотив зад бизарната сцена. Сепак, познато е дека Ноќта на вештерките се слави на крајот на овој месец, па не е невозможно некој да решил порано да се „шегува“ на тоа и вака да привлече внимание.
Медиумите наведуваат дека била контактирана и Управата на полицијата, која информирала дека за видеото не е снимена официјална информација и дека нема причина да се вознемирува.
''Duhovi'' u #ŽZH 👇 pic.twitter.com/NhweVKPZod
— Jabuka.tv (@jabukatv) October 14, 2022