НЛБ Банка“ АД Скопје информира дека на 10 октомври годинава Блаж Бродњак поднел оставка од функцијата претседател на Надзорниот одбор на „НЛБ Банка“ АД Скопје.
„До добивање на согласност од гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија за именување на нов член на Надзорниот одбор на банката, Блаж Бродњак ќе продолжи да ја извршува својата функција како претседател на Надзорниот одбор на банката“, информираат од „НЛБ Банка“ АД Скопје.