Близнаци се родени во Калифорнија – со различни возрасти, со разлика од 15 минути – братот во 2021 година и сестрата во 2022 година.
Во петокот вечерта, на новогодишната ноќ, Фатима Мадригал и Роберт Трухиљо од Гринфилд го пречекаа својот син, кого го нарекоа Алфредо – во 23:45 часот.
Само 15 минути подоцна, кратко откако часовникот отчука полноќ, двојката ја поздрави сестрата близначка на Алфред и ја нарече Ајлин.
„За мене е апсолутно неверојатно да имам близнаци кои имаат различни години на раѓање“, рече Фатима.
Во соопштението за медиумите од медицинскиот центар Нативидад, Мадригал ги објасни своите чувства предизвикани од необичниот датум на раѓање на нејзините близнаци.
Бев изненадена и среќна што моите деца пристигнуваат околу полноќ“, додала гордата мајка.
Д-р Ана Абрил Аријас, матичен лекар во Natividad Medical Group, додаде: „Ова беше дефинитивно едно од најимпресивните раѓања во мојата кариера. Беше апсолутно задоволство да им помогнам на овие малечки да дојдат на свет – и минатата и оваа година. Тоа беше неверојатен почеток на новата година“.
Според Центрите за контрола и превенција на болести, во САД обично се раѓаат 120.000 близнаци секоја година. Ваквите раѓања сочинуваат нешто повеќе од три проценти од сите раѓања.
Алфредо и Ајлин им се придружија на своите браќа и сестри – парот веќе има две девојчиња и едно момче, кои се многу возбудени што ќе ги запознаат.
