Блокирани колони од возила до 15 км. на Ибирска магистрала, снегот направи хаос во Србија (Видео)

Две долги колони кои се протегаат до 15 километри на автопатот Ибар направија голем хаос за возилата. Достапни на теренот се полициски и тимови на брза помош.  Сненот кој е непрекинато паѓа го забавува целосно сообраќајот соопштуваат од Автомото асоцијацијата на Србија.

Уште од утрово транспортот на градските улици на главниот град, Белград беа прекинати.

“Вака изгледа автопатот Ибар, лентата за Белград“, пишуваат по твотер граѓани.

Како што соопштија од “Ласта”, парализираниот сообраќај е околу шумата Липовец, а километражни колони се формирани во двете насоки од Рушањ до Мељак и понатаму кон Лазаревац.

 


Извор: ТВ21