Блокирани сметките на здравствената групација Аџибадем во Турција, немаат средства за кирија

Додека Турција станува светски бренд во здравствениот сектор, забележителен развој се случува во домашниот приватен здравствен сектор.

Имено, блокирана е Аџибадем Здравствената групација, која е една од најголемите турски синџири на приватни болници, и која што има болници во речиси секој град во Турција.

Болницата не може да плати долг кон Белен Иншаат, па затоа Канцеларијата за извршување во Истанбул донесе шокантна одлука со која сметките на оваа болница се блокираат.

Според информациите на тамошните медиуми, се работи за долг за кирија кој изнесува 4 милиони и 241 илјади лири.

„Одлучено е да се блокираат сметките на компанијата која има долг од 4 милиони 241 илјади лири со побарувања, камати и трансакциски трошоци“, се вели во соопштението на Канцеларијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното