Во вечерашното емитување на емисијата „Топ Тема“ се разговараше за предложениот закон за помош на семејствата на настраданите во Кочани.
Пратениците Благој Бочварски (СДСМ) и Бране Петрушевски (ВМРО-ДПМНЕ) дискутираа за текстот на законот, кој, според Бочварски, вклучува финансиска, здравствена и социјална помош.
Според Бочварски, родителите на настраданите ќе можат да отсутствуваат од работа до една година, а сите парламентарни групи треба да го поддржат законот со консензус.
Бочварски нагласи дека ова не е време за политизирање, туку за конкретни решенија за помош на граѓаните.