Богојески до Ахмети: Ја изгуби војната – одиш во заборав, на буништето на историјата!

Лидерот на Македонски концепт, д-р Петар Богојески, преку објава на социјалните мрежи му се обрати на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со порака дека „ја изгубил војната“.

„Другар Ахмети, велиш дека си добил сто битки. Може и си ги добил, но што ти вредат, кога на крај војната ја изгуби од нас!“, пишува Богојески, додавајќи дека луѓето околу него немаат храброст да му ја кажат вистината.

Во пораката, Богојески порачува дека ДУИ оди „на буништето на историјата“, а нивното знаме е единственото што ќе остане да се вее.

„Тие околу тебе немаат муда да ти ја кажат вистината, па еве јас. Ти изгуби секаде. Изгуби на терен, изгуби во институции, ти изгуби во доверба, во легитимитет, во иднина. Ти се бореше за свое место во историја, но ние ја земавме иднината. Историјата не ги памети тие што започнале конфликти, туку тие што ги завршиле! Ти си во последната строфа на својата песна, а ние ја свириме првата нота. Те победивме и со пушки, те победивме и со идеја. Тоа е пораз што не го лечи ни мит, ни спомен плоча. Ти одиш во заборав, на буништето на историјата! А таму, другар, нас нè чекавте, а ние вас ве оставаме. Џабе ти се сите знамиња што ги вееше, кога на крај знамето што ќе остане, е нашето.“, наведува тој.

„Битките ги добиваат команданти, војните ги добиваат лидери. А ти никогаш не си бил тоа“, завршува тој, потпишан со „со доза на задоволство“.