Петар Богојески од Македонски Концепт на својот Фејсбук профил објави дека во вчерашниот инцидент поминал неповреден односно имал мали траги од заштитниот појас.
Тој порачува дека не се чувствува вознемирен, а најмалку исплашен.
„Ви благодарам на интересот за вчерашниот инцидент, во кој учествуваа две лица, за мене сеуште не познати! Ве замолувам за сите прашања во врска со настанот да се обратите до Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme, од причина што и јас сеуште очекувам одговори од таму! МВР го потврдува инцидентот, а во интерес на истрагата од страна на ОЈО, засега ќе се воздржам од било какви коментари! Јас сум добро, со мали траги од заштитниот појас врз мене, не се чувствувам вознемирен, а најмалку заплашен! Напротив, дупло помотивиран да ја продолжиме борбата со бандите кои го уништуваат нашиот народ! На сликата се локациите од нападите врз мене, во кои за малку ќе настрадаше и трето возило – семејство кое патуваше од Прилеп кон Кривогаштани! Доколку истите го видите ова известување, ве замолувам да ми се обратите на мене или дирекно во МВР! Однапред благодарам!“, пишува Богојески.