Македонија

Боки 13 дава исказ во обвинителството, пријавил околу 40 функционери и бизнисмени

Бојан Јовановски – Боки 13 денеска во обвинителството даваше исказ, по повод кривичните пријави кои ги поднесе, а се однесуваат за 40 функционери и бизнисмени.

Јовановски преку соопштение на осум страници објасни дека пријавите се однесуваат на носители на јавни функции, членови на нивни семејства и бизнисмени. Додаде дека станува збор за околу 40 лица.

Адвокатот на Боки-13, Сашко Дуковски, рече дека очекува Обвинителството да отвори предмети по поднесените кривични пријави.

Боки-13 беше осуден на девет години затвор за случајот „Рекет“.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни