„Боро Чурлевски“ – е новото име на спортската сала во Битола

Советот на Општина Битола на денешната седница едногласно ја усвои точката предложена од власта за преименување на спортската сала „Младост“.

Иако оваа точка на дневен ред се најде уште пред три години, сепак тогашната власт не сакаше да слушне за ова барање, па гласаше против.

Денеска советникот Методија Илиевски оваа точка ја предложи како дополнување на дневниот ред.

Иницијатива за преименување на спортската сала во Битола уште пред три години ја поднесе Габриела Илиевска, која денеска од говорницата ја потсети власта дека ова е нејзин проект и не треба да собираат политички поени.

Името на Чурлевски е синоним за младоста на ракометниот дух на Битола, но и поим за спортист, кој со својата посветеност остави трајна трага на спортската историја на Битола.

Спортските работници денеска ја поздравија оваа одлука и коментираа дека со новото име се надеваат и на нови подобри услови во кои работат.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното