БОЖИЦА! Ева Лонгорија со деколте до папокот! (ФОТО)

Ева Лонгорија на Канскиот филмски фестивал годинава покажа дека дефинитивно е кралица на црвениот тепих! Годинава холивудската дива прикажа десетина фантастични изданија во Кан, дневни и вечерни и навистина е тешко да се најде мана, а синоќа повторно не полуде со аутфит на гала вечерата на брендот Chopard во овој моден град.

Оваа луксузна прослава собра многу познати дами, од кои многу пристигнаа директно од црвениот тепих, но Ева дефинитивно ја „разнесе“ конкуренцијата.

Минијатурната латино дива блесна во раскошен, црн фустан кој ги мамеше погледите на гостите благодарение на провокативните детали.

Лонгорија избра тоалет од брендот Pinko со огромен шлиц кој ги откри нејзините вретеновидни, извајани нозе, но и провокативен горен дел од проѕирна тантела и со длабоко деколте.

И покрај провокативниот принт, оваа креација е далеку од вулгарна, а Ева одлично и прилегаше – изгледаше секси, но со умереност и стил!

Познатата бринета го комплетираше изданието со едноставни сандали со прерамки и скап накит – блескави алки и ефективни обетки со дијаманти и смарагди.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното