Брачен пар од Ирска, кој бил на меден месец во Грција, доживеал вистински пекол. Невестата е повредена во пожарите што ја зафатија околината на Атина, а младоженецот исчезнал во огнената стихија и по него се трага.
Зои Холохан и Брајан О’Калаган Вестроп од Даблин се венчале минатиот четврток по што заминале на свадбено патување во Грција. Биле сместени во близина на популарното одморалиште во Мати, на 30-ина километри од Атина, кое е најпогодено од пожарите.
Брачниот пар на возраст од 40 години се обидел да побегне од хотелот во кој бил сместен кога пламените јазици ја зафатиле областа. Но, притоа тие се раздвоиле.