Бројот на загинати во пожар во хотел во Турција се искачи на 79, 11 се уапсени

Бројот на загинати во вчерашниот пожар во зимскиот центар на северот на Турција се зголеми на 79, јавува Anadolu.

Обвинителството во Болу соопшти дека во тек е идентификација на жртвите и дека ДНК анализите потврдиле дека загинале уште три лица, со што бројот на загинати се искачи на 79.

Низ Турција и во дипломатските претставништва на таа земја ширум светот, знамињата се веат на половина копје за државен ден на жалост по вчерашниот пожар во хотел во Карталкаја.

Досега се приведени 11 лица

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја синоќа потврди дека во пожарот загинале 76 лица.

Околу 230 луѓе беа евакуирани од хотелот со бројни тимови на брза помош, пожарникари и единици за одговор при катастрофи во моментот на пожарот. Во рамки на истрагата за пожарот досега се приведени 11 лица.

Регионот Карталкаја во провинцијата Болу е една од најважните зимски туристички дестинации во Турција и привлекува илјадници посетители за време на скијачката сезона.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното