Свет

Бројот на загинати во земјотресот во Кина достигна 65

Бројот на загинати во земјотресот во Кина достигна 65

Силен земјотрес што предизвика лизгање на земјиштето и уништи згради во југозападна Кина , загинаа најмалку 65 луѓе , а стотици беа повредени, јави Ксинхуа.

Најмалку 16 лица се водат како исчезнати по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди планинската област во провинцијата Сечуан. Неговиот епицентар е во округот Лудин на работ на Тибетската висорамнина, каде што се спојуваат неколку тектонски плочи.

Потресот бил почувствуван дури до главниот град на провинцијата Ченгду, на 200 километри.

Повеќе од 50.000 луѓе чии домови беа оштетени во земјотресот и се сметаа за небезбедни за живеење се преместени во шатори. Повеќе од 40.000 луѓе се без струја.

Регистрирани се неколку последователни потреси, од кои најсилниот бил со јачина од 4,2 степени, јави ДПА.

Спасувачките служби работат на теренот, поддржани од воздух од хеликоптери и дронови. За расчистување на погодените области се користи тешка механизација.

Кинеското Министерство за финансии и локалната власт во Сечуан обезбедија финансиска помош од 50 милиони јуани (околу 7,2 милиони долари).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни